По Манго, Миранда Кер е новото заштитно лице на H&M
По раскинувањето на договорот со Манго, прекрасната Миранда стана заштитно лице на новата пролетна колекција на H&M.
Пред само неколку часа Миранда го објави своето партнерство со официјална фотографија од снимањето на пролетниот каталог.
Судејќи по првата фотографија, дури и во топлите денови ќе се задржиме до едноставноста на црните здолништа, сиви маички и отворени високи потпетици.
Не е ни чудо што токму австралиската убавица беше одбрана за ново заштитно лице, по грандиозната најавата за отворање на нови H&M продавници во Мелбурн и Сиднеј.
Целосната кампања на 30-годишната убавица ќе имате можност да ја погледнете на почетокот на март, кога во продажба ќе биде пуштена пролетната колекција.