Колоритен гламур и елеганција: Ова се најдобро облечените дами од „Златните глобуси“
Гламурозното доделување на престижните Златни глобуси оваа година започна неславно, откако канализациона цевка пукна веднаш пред влезот на настанот, но тоа не ги спречи совршеностилизираните дами да прошетаат по црвениот тепих.
71то издание на Златните глобуси го одбележаа колоритните комбинации кои одлично му контрираа на совршениот црвен тепих.
Софистицирани тоалети, голема доза на гламур и по некој екстравагантен модел - вака би можеле најкратко да ви го доловиме изгледот на светски познатите дами кои гордо зачекорија на овој настан.
Доколку сте во потрага по совршен моден колаж кој ги следи врвните трендови, уживајте во најдобро облечените од доделувањето на „Златните глобуси“ за оваа година: