Нова шик мода: Шарени чорапи и омилените чевли (фото)

Можеби ви звучи по малку необично , чудно или несоодветно, но наскоро тоа ќе биде новиот шик популарен тренд. Ако досега шарените чорапи ги носевте само по дома или во патики, време е да ги извадите на виделина и да ги покажете.

nova-sik-moda-sareni-corapi-i-omilenite-cevli-foto-01

Може да бидат слатки, забавни, откачени. Зачекорете први во новиот тренд.

Ги има во различни дезени и модели, па може различно да ги комбинирате. За чевлите кои се поотворени се препорачуваат чорапи кои се со повеќе линии и различни форми, така што му даваат сосем нов лик на стапалото, а чевлите само ги надополнуваат за да изгледаат како целина.

За на кратките чизми се препорачуваат високи дизајнирани чорапи над колена.

Додека за во патики најдобри се чорапите со неонски бои кои ќе ѕиркаат околу глуждот.

За оние кои не се толку екстремни во комбинирањето, добро би било на некој начин и да ги согласат барем боите.

Така, со црвени потпетици може да комбинирате бели чорапи со црвени точки или срциња кои ќе ви дадат романтичен изглед.

За оние кои го следат трендот на „анимал принт“ одлична комбинација е ако најдете и чорапи и чевли со ист дезен.

Ако сакате да изгледате помладо и слатко тогаш балетанки во комбинација со високи шарени чорапи и кратко здолниште ќе ве врати во средношколските денови.

Постојат најразлични модели и комбинации, а единствено што ви треба е малку имагинација и повеќе храброст.

Погледнете ја галеријата и одберете ја омилената комбинација

Би можело да ве интересира:

Идеи како да ја вметнете во стајлингот бојата на есен 2024 (фото) Бургунди или бордо е бојата која е хит за есен 2024, а ако немате идеи како да ј...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...
Вертикални пруги – моден тренд што ќе доминира ова лето (фото) Широки, тесни, со разни бои, се чини дека пругите стануваат најголемиот пролетен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg