Како до совршено лице и по 30-тата година?

Современите светски текови на естетската дерматологија диктираат природен, здрав и свеж изглед на кожата на лицето.

kako-do-sovrseno-lice-i-po-30tata-godina-01

Основно прашање по 30-та година кога започнувате сериозно да се занимавате со Вашата кожа, и на кое треба да имате одговор, е „Што всушност сакам да постигнам?“.

Доколку се одлучите за здрав и свеж младешки изглед на своето лице и тело, Вашата доверба најдобро е да му ја доверите на дерматолог, бидејќи убавината е Ваш избор, а естетската дерматологија е сигурен и успешен пат кон убавиот и здрав изглед.

Односно целта на дерматологот е на Вашата кожа да и го даде она што и е потребно – здрав изглед!

Што ни препорачуваат дерматолозите?

kako-do-sovrseno-lice-i-po-30tata-godina-2

Апликацијата на ботокс и дермални филери се сè популарни третмани поради импресивните и инстант резултатите кои ги добиваме од нив. Во текот на животот мускулите на лицето ги движиме милион пати и како резултат на тоа добиваме трајни брчки на челото и региите околу него, со што не само што не прави да изгледаме постари, туку и уморни и мрзоволни. Кога ќе се вбризга ботокс во тие мускули се блокираат нервните сигнали, мускулите се опуштаат и брчките се израмнуваат.

Ефектите од ботокс траат околу 6 месеци потоа мора да се повтори постапката. Бидејќи пациентот секогаш си оди задоволен од сработеното и добиените резултати се импресивни, без сомнение знаеме дека ќе се врати кај дерматологот по 6 месеци да ја повтори постапката. Убаво е редовно да се практикуваат овие третмани по 30-та година бидејќи освен што ќе бидете задоволни со својот моментален изглед тоа најмногу ќе го осетите кога ќе наполните 40 или 50 години.

Вашите врсници кои не користеле третман со ботокс или дермални филери ќе изгледаат многу постаро и позапуштено од вас. Ефектите од третманот многу влијаат на општото расположение кај пациентот, бидејќи со нивно редовно користење ќе чувствувате задоволство и поголема самодоверба во работната средина, вашето социјално опкружување и семејството.

Како се одвива третманот?

Повеќето од пациентите се плашат од болка при самиот третман, меѓутоа пред третманот се става анестетик и многу внимателно со мала и тенка игличка се влегува само 1мм површински во кожата, така што не се чуствува никаква болка туку благо пецкање кое воопшто не е болно, ниту непријатно. Сето тоа трае само 15 минути така што пациентот нормално си продолжува со своите тековни обврски.

Доколку третманот го работи нестручно лице и без искуство, или пак се работи за ефтини и неквалитетни материјали може да се јават многу нус појави како црвенило, модринки, алергија, оток, промашување на мускулната група и како последица на тоа се добива асиметрија на лицето.

Совет

Многу е важно внимателно да се одбере добар дерматолог кој е сертифициран и работи со квалитетни материјали, кои се природни, нормално се апсорбираат во кожата и природно се разградуваат во организмот со текот на времето.

Најдобро резултати се добива од комбинација на ботокс и дермални филери, бидејќи ботоксот делува на хоризонталните брчки на челото и на надворешната страна на краевите од окото, а филерите делуваат на брчките околу насмевката, подочниците, контурите на лицето, волуменот на усните, брчките на вратот и деколтето. Траењето на филерите е од 8 до 12 месеци. Пациентот по третманот увидува дека го направил вистинскиот избор и дека непотребно постоеле стравови и сомневања за истите.

И на крај само ќе спомнеме дека потполно се согласуваме со изјавата на позната модна дизајнерка Коко Шанел  - „Природата ти го дава лицето кое го имаш на 20 години, но од тебе зависи какво ќе ти биде на 50 години.“

Д-р Анета Кокалеска Петрушевска
Спец. дерматолог
Ординација Д-р Анчевски
www.ancevski.com.mk

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg