Првиот ангел-трансексуалец на „Викторија Сикрет“ (фото)
Кармен Карера има 28 години и е една од најубавите водителки и модели на светот, а со своите занесни облини го одзема здивот каде и да се појави, па потпишана е петиција за да стане ангел на „Викторија Сикрет“.
Преубавата американска водителка, модел, реална ѕвезда и танчерка Кармен Карера (28) родена е на 13 април како Кристофер Роман во Њу Џерси. Името го променила заради учество во гледано реално шоу, а по завршувањето почнала со промена на полот, за конечно оваа година да објави дека е вистинско женско.
Се посветила на стекнување слава, а цел живот се идентификувала како маж. Сепак, денес е една од најпознатите и најголеми секс - бомби некогаш, изгледа многу подобро од повеќето манекенки и модели.
Нема кој не би позавидел на нејзиното тело, а многубројните обожаватели основале група и потпишале петиција за Кармен да биде еден од ангелите на „Викторија Сикрет“ кој би продефилирал на модниот спектакл на 10 декември.
Кармен двапати позирала за реномираниот „W“ магазин, а минатиот месец прошетала и на модната писта во Лос Анџелес.
„Разликата е клуч за прифаќање во големите корпорации. Кармен е убава жена, баш како и останатите модели“ – рекол еден од обожавателите на Кармен. Петицијата ја започнале без нејзино знаење, досега има 23.000 потписи, а таа им се заблагодарила преку Фејсбук.