Како полесно да се справите со витканата коса?
Ако и вие патите од витканата и неуредна коса за која единственото решение е опавчето, вреди да се обидете да ја средите во домашни услови.
За почеток, одберете шампон без сулфат, состојката која засилено ги уништува природните масла на косата и темето и предизвикува сушење.
Откако ќе ја измиете косата, задолжително впијте ја влагата со сув пешкир. Почекајте неколку минути пред да го вклучите фенот.
Нанесете заштита против сушење на врвовите и маска која го намалува електрицитетот. На крај, можете да ја поминете косата со малку кисела вода, па повторно да ја замотате во пешкир.
Ниската pH вредност на киселата вода го намалува виткањето, а косата ја прави сјајна и мека.
Кога веќе стигнавте до сушењето на косата, користете голема округла четка за коса. Вложете во чешел кој нема да ви ја кине косата.
Сушете ја косата од врвовите кон средината, добро растегната на чешелот, а фенот држете го на 10тина сантиметри растојание. Во зависност од волуменот и густината на косата, повторувајте ја постапката колку што е потребно.
На крај, не се плашете да го искористите лакот за коса или спрејовите за фиксирање на косата. Пропрскајте мала количина на четката за коса и расчешлајте. Не претерувајте со количината, затоа што тоа може да има само спротивен ефект!