5 начини како да ги избегнете раните од новите чевли

„Не знам кој ги измислил чевлите, но сите жени имаат многу“ – рекла легендарната Мерлин Монро. Но, колку и да се новите обувки сладок грев, често заради неудобност знаат да ни создадат главоболки и рани.

5-nacini-kako-da-gi-izbegnete-ranite-od-novite-cevli-01

За да се ослободите од непријатното чувство ви даваме 5 совети како оваа есен да ги заштитите вашите стапала и да уживате во вашите чевли.

1. Разгазете ги чевлите дома

На важен состанок или на целодневен престој на работа, никогаш не носете нови чевли. Секогаш обидете се прво да ги разгазите, по можност низ дома, пред да ги облечете и да ги носите неколку часа.

2. Не ги заборавајте тенките чорапи

Тенките чорапи до колена понекогаш се неопходни за новите чевли да не ви направат проблем.

5-nacini-kako-da-gi-izbegnete-ranite-od-novite-cevli-1

3. Превенција

Ако ги облекувате првпат вашите нови чизми, а знаете дека делот над петите секогаш ви се разранува, делувајте превентивно. Пред воопшто да се случи нешто такво, уште при првото облекување, залепете фластери и спречете го предвреме разранувањето.

4. Користете перничиња

Во новите чевли задолжително ставете провидни перничиња на „критичните места“.

5-nacini-kako-da-gi-izbegnete-ranite-od-novite-cevli-2

5. Ако раните веќе ви се појавиле, употребете алкохол и игла

Ако веќе сте ги разраниле стапалата и не можете да ги облечете чевлите, подуениот дел боцнете го многу внимателно. За тоа мора да имате чисти раце и да користите стерилизирана игла, а пред и по зафатот местото да го премачкате со алкохол или со антибактериски лосион за чистење лице.

5-nacini-kako-da-gi-izbegnete-ranite-od-novite-cevli-3

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg