Од час во час: Негувајте ја кожата во текот на целиот ден

Научниците тврдат дека на кожата и е потребна нега во различни фази во текот на денот. По нивно мислење, ако некој препарат употребиме во одредено време во текот на денот, од него ќе извлечеме максимален ефект.

od-cas-vo-cas-neguvajte-ja-kozata-vo-tekot-na-celiot-den

Па, што треба да направиме за нашата кожа да добие најдобра нега?

7.00: Напијте се вода
Кога ќе се разбудиме главно сме дехидрирани, па она што треба да го направиме пред било што друго е да испиеме чаша вода. Објаснувањето на лекарите е кога организмот е дехидриран клетките не можат да функционираат нормално, па без вода кожата не може да биде нежна и здрава.

7.30: Отстранете ја маснотијата
Во текот на ноќта кожата на лицето кај некои луѓе произведува поголема количина маснотии отколку што е потребно. Ако сте во оваа група, прво што треба да направите е да го отстраните вишокот на маснотии од лицето и на лицето да нанесете лосион со антиоксиданси. Во спротивно ниту една крема нема да пенетрира доволно длабоко во кожата.

7.45: Крема за сонце
Дури и за време на облачните, есенски денови, кожата е изложена на УВ зрачење, па секојдневното нанесување на крема за сончање со широк спектар е најдобриот начин да ја сочувате кожата од стареење. Затоа нанесете ја оваа крема секое утро.

12.00: Напудрете го носот
Лојните жлезди произведуваат дупло повеќе маснотии на пладне отколку во било кое друго време на денот, освен наутро помеѓу 2 и 4 кога се исто така многу „вредни“. Затоа околу пладне е најдобриот момент за поправање на шминката и дополнително напудрување на челото и носот.

13.00: Внесете витамин Д
На телото му е неопходна сончевата светлина во текот на целата година за да произведува витамин Д кој е многу значаен во борбата со многу заболувања. Ако нанесувате крема за сончање секој ден, на вашето тело можеби ќе му треба замена за сонцето кое поради ова не се апсорбира, па земајте витамин Д во таблети.

14.00: Повторно нанесете крема за сончање
До овој период утринската доза веројатно се истрошила, па повторно нанесете крема за сончање. Ако се плашите за шминката, купете некоја тонирана крема со заштитен фактор.

16.00: Ишмукајте коцка мраз
Температурата на кожата во овој период на денот е за степен повисока отколку да речеме во 4 часот наутро, па оние луѓе кои се склони кон црвенило, со порастот на температурата ќе почувствуваат дека образите им се зацрвенуваат. Ако сакате да ја спречите ваквата реакција, а чувствувате дека ви се зголемува температурата, ишмукајте една коцка мраз.

18.00: Отстранете ја шминката
Чистењето на кожата по шминкањето е една од најважните работи за здравјето на кожата, но често пати ова го оставаме за навечер кога сме премногу уморни за да го направиме како што треба. Наместо тоа, прва работа што ќе ја направите кога ќе се вратите дома после работа, нека биде отстранувањето на шминката.

21.30: Нанесете хидратантна крема
Во текот на ноќта вашата кожа губи повеќе вода, околу 25 проценти, па користете производи кои ќе ја „собираат“ влагата од атмосферата на вашето лице.

22.00: Нанесете крема со ретиноиди
Ретиноидите се ефикасни состојки кои што помагаат во борбата против стареењето помагајќи го обновувањето на клетките. Но, со таква крема се прекршува УВ светлината па преку ден таа не е толку ефикасна. Од друга страна навечер кожата многу подобро ја впива кремата, а и нема сончева светлина, па ова е вистинското време за крема со ретиноиди.

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Мартија Станојковиќ најсмело, Барбара Поповиќ - тантела: Како познатите Македонки ја носат црната бо... Од елегантните изданија на Тамара Тодевска со длабоко деколте до мини фустанчиња...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg