Како да го пронајдеме најдобриот крем за нега на нашата кожа на лицето?
Во секојдневниот живот повеќето од нас имаат дилема дали го избрале вистинскиот крем за лице со кој би ѝ овозможиле најадекватна нега на кожата на лицето.
За жал, често пати се разочаруваме 2-3 дена по почетокот на апликација на кремот, или по 1-2 недели, или по неколку месеци. Каде грешиме?
Дали е тоа во проценката кој тип на кожа е кожата на нашето лице или можеби сме избрале крем кој нема доволно квалитети за да ги задоволи потребите на нашата кожа?
За да направиме добар избор треба да обрнеме внимание на следново:
1. Како да го одредиме типот на кожа на лицето, за да избереме адекватна крема?
А) Сува кожа: кожата е сува и затегната, знаците на стареење почнуваат да се приметуваат многу порано одколку кај другите(пред 30-тата), може лесно да се иритира, има потреба за нега (крем) секојдневно во тек на целата година, поднесува креми кои се масни, но кои истовремено и хидрираат. За оваа кожа секојдневната и адекватна нега е од големо значење.
Б) Нормална кожа: кожата не е сува и затегната, знаците на стареење доколку е соодветно негувана се појавуваат по 30-тата година, има потреба за нега (крем) секојдневно во тек на целата година, но не поднесува креми кои се масни, ниту премногу хидратантни. Неа ѝ е потребен крем кој основно ќе ѝ овозможи хидратација, но истовремено и лесно замастување. Кај овој тип на кожа ретко се појавуваат комедони (црнки/белки).
В) Комбинирана кожа (со Т-зона): најкомплицирана за нега – толерира повремени грешки во избор, но не за долго. Ако кремот е хидратантен по неколку дена кожата има чувство на затегнатост, сувост, може да се перута. Ако ја негуваме со масен крем, по неколку дена почнува да сјае заради вишокот на маснотии на површината, а по извесно време ќе се појават комедони (белки/црнки). Имаме чувство дека некои делови се претерано суви, а некои многу масни и не можеме да ѝ угодиме со ниту еден крем, освен ако користиме различни креми за различните делови. Не се иритира многу лесно, во тек на ладниот периот од годината секојдневно има потреба од крем, а во тек на летото не дава знаци дека нешто ѝ недостасува дури и ако пропуштиме некој ден да нанесеме крем.
Г) Масна кожа: кожата е еластична и мека, нема потреба од нанесување крем, а прифаќа само хидратантни креми. Во адолесцентниот период често страда од акни, но знаците на стареење се појавуваат најдоцна во однос на другите типови. Тоа не значи дека не треба да се негува, туку дека оваа кожа бидејќи самата лачи доволно маснотии, има потреба само од хидратација.
2. Кремот кој ѝ одговара на кожата во летниот период кога се температурите високи, не може да ѝ одговара на кожата и во тек на зимскиот период, кога времето е ладно и ветровито!
Треба да се има предвид дека кремот за летниот период треба да е полесен и похидратантен, за да не го чувствуваме како тежина на нашето лице и кожата да може да го апсорбира. Во зима кожата заради ладното и ветровито време бара дополнителна заштита, за поддршка на површинскиот заштитен слој. Од овде веројатно доаѓа погрешното сваќање дека кремите треба постојано да се менуваат.
3. Одберете крем адекватен за возраста, во зависност од годините.
Нашата кожа има различни потреби, во зависност од годините. Од производителите се обрнува внимание да се стават во кремот оние активни супстанции кои ѝ недостасуваат делумно или целосно на кожата, со што таа останува во добра кондиција, а појавата на знаците на стареење се одложува.
Ако ги земеме предвид претходниве патокази за избор на крем, еве ги советите од Еуцерин според возрасните групи:
Eucerin® pH5 - линија наменета за сите возрасти од раѓање. Има еден крем кој одговара за нормална и сува кожа, а за оние со многу сува кожа од после третата година има линија со
Eucerin® UREA - линија наменета за после третата година. На располагање имаме дневен и ноќен крем со 5% уреа, наменети за сува и многу сува кожа на лицето.
Eucerin® DermoPURIFYER (DP) - линија наменета за масна кожа, од влегување во пубертет. Има две дневни креми (Хидратантен крем за претходно нетретирана масна кожа и Интензивен хидратантен крем со СПФ 30 за претходно третирана со лекови масна кожа која е пресушена, се перута, лесно се иритира) и еден ноќен за интензивен третман на акните.
Eucerin® AQUAporin ACTIVE - линија наменета за сите над 18 години. Има три различни креми според типовите на кожа и крем за нега на кожата околу очите. Одлични се за нега во летните месеци. За сува кожа по 18-тата година, покрај производите со Уреа, имаме и регенеративен крем Липо-баланс, кој го балансира нивото на маснотии и церамид-3 во сувата кожа.
Eucerin® Q10 ACTIVE - линија наменета за над 25-тата година. Претставува еден вид на витаминска нега на кожата. Има две дневни креми (една за сува кожа и една за нормална и комбинирана), ноќен крем и крем за нега на кожата околу очите.
Eucerin® HYALURON-FILLER - линија наменета за над 35-тата година. Хијалуронската киселина ја надополнува концентрацијата на хијалуронска киселина која се намалува по 30-тата година. Има две дневни креми (една за сува кожа и една за нормална и комбинирана), ноќен крем, крем за нега на кожата околу очите и концентрат за најинтензивен третман на знаците на стареење. Овде е и новата линија
HYAL-UREA наменета за многу сува кожа со дневен, ноќен крем и крем за нега на кожата околу очите.