Нова колекција чевли од Bata за есен/зима '13

Секоја сезона BATA подготвува пријатни изненадувања за вљубениците во убавите чевли  - жени, мажи и деца. Моделите за оваа сезона се трендовски и разновидни.

nova-kolekcija-cevli-od-bata-za-esen-zima-01

Во моментов доминираат есенски чевли  -  за дамите салонки со модерни детали како позлатени врвови или пак балетанки со животински принт, а пак за мажите елегантни модели од превртена кожа во топли есенски тонови или поспортска варијанта на високи патики.

Во секој случај, за која пригода и да се подготвите, чевлите на BATA секогаш се добар избор. Ова се неколку предлози како можете да ги искомбинирате најновите модели од овој врвен бренд.

Антилопските црвени високи потпетици се идеални за секоја дама која го сака отмениот изглед и го негува секојдневно, за време на работните обврски, додека пак ниските балетанки и високите чизми со нитни се идеални за дневни или вечерни лежерни појавувања.

nova-kolekcija-cevli-od-bata-za-esen-zima-1

nova-kolekcija-cevli-od-bata-za-esen-zima-2

 

За сите мажи кои ги сакаат квалитетот и елеганцијата, овие два пара чевли се идеални за секоја комбинација. Вечните црни или шик кафениот модел дефинитивно ќе ги исполнат сите желби на модерниот маж.

nova-kolekcija-cevli-od-bata-za-esen-zima-3

nova-kolekcija-cevli-od-bata-za-esen-zima-4

Освен обувки, во новата колекција може да се најдат и чанти, ремени, очила за сонце, паричници и други модни додатоци.

Дел од најновата колекција на BATA погледнете во фото галеријата во продолжение...

Колекцијата за есен/зима 2013 може да се најде во продавниците на BATA во Рамстор и Skopje City Mall. 

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
6 модели на чанти кои ќе ве претворат во старомодна жена (и треба да ги избегнувате) Долгнавести, црни чанти како поштарски, модели без форма кои наликуваат на вреќа...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg