Како до здрава, сјајна и бујна коса?
За да биде косата здрава и убава мора да имаме соодветен шампон и регенератор за коса, што е индивидуално за секој тип на коса.
Ако се фарбате најдобро е да се користат професионални фарби кои не се агресивни како комерцијалните.
Длабински третман
За косата да биде бујна и сјајна, еднаш во два до три месеци се препорачува длабински третман, за да и се врати хидритантноста и сјајот.
Чешлање
При расчешлувањето треба да се внимава, влакното треба да се чешла од коренот кон врвот со четка од природни влакна кои нема да ја кинат косата.
Потстрижување
Вечната дилема кога се потстрижуваме, тоа е индивидуална работа, но оптималното време е секои 8 – 10 седмици. Така ќе се спречи цветањето на краевите. Се препорачува косата дома да се „пакува“ барем еднаш неделно со третмани кои обично се држат до 10 минути. Особено треба да се обрне внимание на кадравата коса и косата која е хемиски третирана.