Пролетен тренд за девојки: Впечатливи очила за сонце
Оваа пролет одберете впечатливи, шарени очила за сонце наместо едноставни црни кои одат со речиси сè. Дајте им предност на очилата со необичен облик, со впечатливи шари и повеќе бои.
Определете се за очила кои немаат класичен облик, напротив, со остри агли, малку пошироки од вашето лице и со многу детали. Сите облици се дозволени, па затоа на вас останува колку ќе бидете храбри и уникатни.
Избирајте очила во светли, весели бои. Пролетта стигнува, па ако сега не си поиграте со боите, кога? Не е задолжително да ви одговараат со облеката, затоа престанете да се ограничувате со црните, кафените или белите рамки.
Исто така, одамна им помина сезоната на очилата во една боја. Изберете некои рамки чии бои се прелеваат или пак имаат две контрастни бои – сè што е неочекувано изгледа одлично оваа пролет.
Очилата со принт се нешто вечно и незаменливо. Модата на цветовите или геометриските шари никогаш не минува, па затоа бидете храбри и подновете се со совршениот избор за претстојните топли денови.