Пролетни штикли и сандали од Зара
Зара оваа пролет подготви широка лепеза од сите типови на женски чевли, од балетанки и римјанки, до патики, ултра високи сандали и салонки.
Во светот на штиклите главниот збор го имаат моделите во електрично сината боја, стандардната црна и бојата на јагодите. Оваа последната го носи вистинскиот мирис на пролетта!
Во категоријата на сандали, Зара нуди од се по нешто. Етно сандалите со златни нитни ја претставуваат интересната еволуција на римјанките и се одличен избор за пролетното експериментирање.
Тука се и сандалите со леопард шара, моделите украсени со шљокици и сребрен сјај, црните и белите риги и по малку психоделично шарените принтови.
Би можеле да ви ја опишуваме колекцијата со уште многу епитети, меѓутоа сепак ќе оставиме самите да ги погледнете моделите на Зара, па и да си одберете некој омилен пар.
-->
-->
|
-->
|
-->
|
|