Мали трикови како да бидете супер секси жена

Супер секси жените не се само сексапилни, туку и заводливи, привлечни и неодоливи. Сето тоа не се постигнува со разголеност, туку со секси манири и верба во себе. Вулгарното е нешто сосема спротивно на сексапилноста, па затоа држете до себе и до вашата самоувереност.

mali-trikovi-kako-da-bidete-super-seksi-zena-01

Ова се мали нешта кои мора да ги запаметите ако сакате да делувате неодоливо.

1. Прифатете го вашето тело какво што е и бидете горди. Привлечноста започнува од внатре.

2. Бидете независни. Беспомошните жени се во минатото. Секси жените на денешницата се подготвени да се залагаат за себе и своите ставови.

3. Купувајте и носете облека во која се чувствувате удобно. Во спротивно, колку и да е секси фустанот вие ќе изгледате смешно.

mali-trikovi-kako-da-bidete-super-seksi-zena-1

4. Никогаш не мислете на тоа дека ако имате 40 или 50 години не можете да бидете секси. Во моментов помисливте на некоја позната личност која ги има овие години и изгледа неверојатно, зар не?

5. Занимавајте се со некој спорт или активност. Не можете да бидете секси ако ве изморува обичното исправено стоење или одењето до продавница.

6. Да се биде секси е особина која се однесува на вас, а не на другите. Затоа, на крајот на денот практикувајте да бидете задоволни од самите себе во вашето тело, а не да бидете задоволни затоа што сте успеале да завршите со некој маж.

Би можело да ве интересира:

7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...
Славни жени кои се облекуваат младешки (и се доказ дека годините не треба да го дефинираат стилот) Можете ли да ја замислите Шер во класични костимчиња, или Салма Хајек закопчана ...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg