Свадбени трендови за 2013 година

Доколку одлучивте дека вашата љубов ќе ја овековечите токму оваа година, сигурно во главата веќе имате многу идеи, па дури и не можете да се одлучите само за една.

svadbeni-trendovi-za-2013-godina-01

За да ви го олесниме планирањето, ви ги претставуваме најголемите свадбени трендови за 2013 година кои можеби ќе ви се допаднат, па и ќе станат дел од вашиот прекрасен, долго планиран ден.

1. Неутрални бои

Тиркизната и розовата оставете ги во изминатите години. Оваа година на ред се пастелната розова, нијансата на праската, пастелната ментол зелена, кремастата и светло сивата.

svadbeni-trendovi-za-2013-godina-1


2. Раскошно осветлување

Без оглед дали ќе се одлучите за свадба на отворено или пак во затворен простор, не ги придушувајте светлата. Одберете светол простор, со раскошни светилки и лустери над секоја маса. Создадете целина исто како од бајка.

svadbeni-trendovi-za-2013-godina-2


3. Свежо цвеќе

Ако сте љубител на вештачкото цвеќе, ќе мора да ве разочараме. Подобро е да одберете свежи, романтични цветови, надвор од шаблонот. За момент заборавете на црвените рози кои се симбол на љубовта и заменете ги со романтичниот божур во црвена и нежно розова боја.

svadbeni-trendovi-za-2013-godina-3


4. Ретро фустани

Изгледа дека дваесеттите, триесеттите и четириесеттите години се враќаат повторно. Оваа година ќе гледаме повеќе ретро невести, отколку раскошни фустани во стилот на принцезите и сирените.

svadbeni-trendovi-za-2013-godina-4


5. Пунџи во стилот на балерините

Кога станува збор за фризурите, веројатно оваа година најпопуларни ќе бидат пунџите во стилот на балерините, а на второ место се најде пуштената виткана коса префрлена на страна.

svadbeni-trendovi-za-2013-godina-5


6. Чипка

Чипката е модерна веќе извесен период, па затоа покрај за фустанот, одберете да ја има и на вашите покани или декорации во ресторанот.

svadbeni-trendovi-za-2013-godina-6

Би можело да ве интересира:

Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
9 модни трендови на кои треба да заборавите оваа сезона Кошула-фустани веќе не се во мода, исто како и плетените фустани... Кои парчиња ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg