Машки моден тренд: враќање на 60-тите години од Париз
Долги години пред трендот на искинати фармерки и широки маици, мажите изгледале навистина шармантно.
Добро познатите Французи, во 60тите години биле прогласени за најотмени и најсекси мажи. Стилот по кој биле препознатливи Французите низ Париз во 60тите години, полека, но сигурно почнува да се шири низ целиот свет.
Сè повеќе мажи го негуваат нивниот шарм, а притоа делуваат се попривлечно. Секогаш уредната кошула или џемпер со V израз изгледа е безвременска класика. Со добро одбран пар пантолани и детали, секој машки модел оваа сезона го негуваше токму стилот од 60тите години.
Спротивно од сечие мислење, кошулата за овој стил треба да биде лежерна и да не ја следи секоја линија од машкото тело. Голем спектар на бои и ткаенини се вистинскиот избор. Доколку сте фан на боите, оваа есен одберете ги неутралните нијанси или пак есенските портокалови и црвени нијанси. Џебовите и интересните копчиња секогаш ја имаат најголемата предност.
Панталоните може да се каже дека се пресудни за вашиот изглед. Одберете панталони со прави ногавици, не многу тесни, не многу широки. Фармерките заменете ги со платнени или памучни модели. Исфрлете ги непотребните патенти или преголемите џебови.
Недозволиво е да го избегнете најпотребниот детаљ – чевлите. Би било штета вашиот изглед да заврши со широки патики. Можете да ги замените ги со еден пар кожни чевли, кои имаат заоблен врв или пак оние похрабрите да одберат интересен пар мокасинки. Што се однесува до боите дозволени се неутралните тонови или црната класика.
Последниот чекор до совршен изглед во стилот на 60тите години се додатоците. Не се неопходни, меѓутоа доколку ви се допаѓа како ви стојат трегерите или пак впечатлив колан, сигурно ќе го направи вашиот изглед целосен.