Есенски чевли од Зара '12

Познатиот шпански бренд за следната сезона издвои најразлични видови на чевли. Високи потпетици, чизми до глуждот, мокасинки...

Каубојските чизми се оние кои го направија свето враќање од пред неколку години, само во навистина помодерна и попривлечна верзија.

esenski-cevli-od-zara-2012-1


Животинските принтови се уште еден детаљ кој го продолжува својот тренд, покрај металните детали и токи. Што се однесува до боите, преовладуваат црната, во комбинација со неутралните тонови, како и есенските нијанси на црвената и портокаловата.

esenski-cevli-od-zara-2012-2

esenski-cevli-od-zara-2012-3


За секоја девојка која оваа есен ќе ја одбере удобноста пред сè, Зара истакна мокасинки и балетанки во интересен стил, кој ќе се вклопи во женското секојдневие.

esenski-cevli-od-zara-2012-4


Добро познатата удобност на чизмите и оваа есен продолжува, без разлика на нивната висина, боја или модел.

esenski-cevli-od-zara-2012-5

esenski-cevli-od-zara-2012-6


Како најинтересен детаљ за есенските излегувања, Зара ја понуди посебната колекција во која спаѓаат само високи потпетици во силни бои, неочекувани за постудените денови.

esenski-cevli-od-zara-2012-7

Изгледа оваа сезона сè е до изборот и желбите. Нема строги граници, барем кога станува збор на обувките од Зара на кои едноставно нема да им одолеете.

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg