Како најлесно да познаете чевли со лош квалитет во продавница?
Металните додатоци
Нитните за врвките или патентот на чевлите исто така треба да се добро прицврстени.
Ако забележите дека штрчат од некаде или пак има знаци на ’рѓа, најдобро не ги купувајте чевлите.
Внатрешноста на чевлите
Секако, важно е и како е изработена внатрешноста на чевлите.
Ако забележите многу тенок материјал или ткаенина која виси, внатрешноста на чевлите ќе се уништи по неколку носења.
Влошките на чевлите
Ако влошката во внатрешноста е истуткана или изгледа премонгу тенка, веројатно ќе се скине брзо.
Исто така, кај сандали и слични отворени чевли, треба да има уште еден слој помеѓу влошката и ѓонот, односно да не изгледа како влошката да е зашиена директно на ѓонот.
Во спротивно чевлите нема да бидат многу удобни.
Мирисот
Ако купувате кожени чевли, треба да го имаат препознатливиот мирис на кожа.
А, без разлика од каков материјал се чевлите, не треба да имаат непријатен мирис.
Лошиот мирис може да значи дека се изработени од неквалитетни материјали или не биле складирани правилно.
Материјалот од којшто е изработен ѓонот
Не заборавајте да го проверите и ѓонот на чевлите пред да ги купите – осигурете се дека не се лизга и дека не прави чудни звуци кога одите.
Спирова С. | Црнобело