Како најлесно да познаете чевли со лош квалитет во продавница?
Проверете дали има остатоци од лепило и не заборавајте да ја проверите внатрешноста на чевлите.
Ако сте како повеќето и немате можност за скапи дизајнерски чевли, не значи дека треба да носите нешто со лош квалитет.
Денес можете да најдете квалитетни обувки по прифатлива цена, само треба внимателно да ги изберете.
Ситници кои треба да ги проверите пред да ги купите чевлите:
Остатоци од лепило
Кај квалитетните чевли, нема да забележите остатоци од лепило на местата каде што се залепени некои делови.
Исто така, ако забележите и дека некој дел, како ѓонот, е малку лабав, тогаш воопшто не ги купувајте чевлите бидејќи по неколку носења ќе ви се распаднат.
Дали чевлите се симетрични
Добро разгледајте ги левата и десната обувка – тие треба да бидат симетрични.
Ако ѓонот на едната е малку повисок или забележувате други разлики, без разлика колку мали, не ги купувајте чевлите.
Шевовите
Како што не треба да има остатоци од лепило, не треба да има ни конци кои висат од шевовите.
Бидејќи, тоа значи дека чевлите не се зашиени добро и набрзо ќе се рашијат.
Штиклата
Кога купувате чевли со високи потпетици, можеби најважно е да ја проверите штиклата.
Ако не изгледа добро прицврстено, може да ви се скрши среде одење, па дури и да се повредите.
Исто така, штиклата не треба да биде премногу тенка бидејќи постои ризик да се скрши.