8 модни парчиња со кои секогаш ќе изгледате елегантно (дури и во дневни комбинации)

Фармерки со рамен крој

До пред некоја година, фармерките со рамен крој ги поврзувавме со полежерни комбинации.

Но, тие навистина можат да изгледаат одлично и во елегантни комбинации.

За да го постигнете ова, можете да ги носите со елегантни балетанки или штикли, но и со чизми во постудените денови.

8-modni-parchinja-so-koi-sekogash-kje-izgleda-elegantno-duri-i-vo-dnevni-kombinacii-05.jpg

Ленени панталони

Ако сакате да изгледате елегантно, но надвор е премногу жешко, нема да погрешите со панталони од лен.

Можете да ги комбинирате на безброј начини, а се навистина удобни.

8-modni-parchinja-so-koi-sekogash-kje-izgleda-elegantno-duri-i-vo-dnevni-kombinacii-04.jpg

Волуменозно здолниште

Долгите и миди здолништа со волумен се симбол за елеганција.

Совршени за елегантни комбинации, а притоа изгледаат добро на буквално секаков тип тело.

8-modni-parchinja-so-koi-sekogash-kje-izgleda-elegantno-duri-i-vo-dnevni-kombinacii-03.jpg

Салонки или ниски чевли со шпиц

Несомнено, салонките се најдобар избор за елегантните комбинации.

Но, ако не сакате да носите штикла, можете да постигнете ист ефект со балетанки со шпиц кои имаат слична форма на салонките.

8-modni-parchinja-so-koi-sekogash-kje-izgleda-elegantno-duri-i-vo-dnevni-kombinacii-02.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg