Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот)
Црн кожен колан
Класичниот црн колан никогаш не излегува од мода, а можете да го носите со буквално сè.
Некогаш само црниот колан може значително да го подобри изгледот на поедноставните комбинации.
Фармерки
Уште едно парче облека кое никогаш не излегло од мода.
Што значи, вреди да вложите во квалитетен пар фармерки кои ќе можете да ги носите со многу други парчиња – од маички, до кошули и сакоа.
Кардиган
Мекиот кардиган е одлично парче облека, дури и во пролет и лето ако температурите се спуштат.
Можете да го носите закопчан, но и да го комбинирате со друга облека, како маичка и фармерки или шорцеви.
Карго панталони
Точно е дека извесен период никој не носеше карго панталони, но ова е модел што беше популарен порано, а сега повторно се врати.
Карго панталоните се удобни, а постојат и разни модели, па лесно ќе најдете нешто што ќе се вклопи со вашиот стил.
Бел фустан
Белите фустани се совршени за пролетни комбинации, но изгледаат уште подобро во лето, кога малку ќе се исончате.
Во зависност од моделот, можете да ги носите и во лежерни, и во елегантни комбинации.
Спирова С. | Црнобело