Најлошите модни комбинации на Кери Бредшо од Sex and the City, која важеше за модна икона (фото)
Ако сега ја изгледате серијата Sex and the City, брзо ќе сфатите дека повеќето комбинации на модната икона Кери Бредшо не само што се лоши, туку се и бизарни и смешни. Кој аутфит ви остави најголем впечаток?
Sex and the City важи за една од најпопуларните серии на сите времиња, а главната хероина – Кери Бредшо – отсекогаш го носела епитетот модна икона.
И, иако во многуте епизоди (и двата филма) Кери имала свои моменти, ако сега ја изгледате серијата, ќе сфатите дека во повеќето случаи, нејзините модни комбинации се далеку од убави.
Можеби во 1990-тите и 2000-тите, кога серијата беше огромен хит, аутфитите на Кери Бредшо навистина делувале тренди.
Нo, од денешна перспектива, многумина се согласуваат дека дел од нив не само што се лоши, туку и бизарни.
А, и во новите сезони, Кери се појавува во неколку чудни комбинации.