Што облекоа посетителите на втората вечер на Скопски моден фестивал 2024? (фото)
Маја Панчева избра спортска комбинација со патики, а Моника Црнокрак се реши за црн аутфит со сребрени чизми. И иако дел од посетителите избраа интересни и впечатливи парчиња, имаше и такви кои не беа соодветно облечени за овој моден настан... Што носеа посетителите на втората вечер на Скопски моден фестивал 2024?
Синоќа (04.04) во Diamond Mall во Скопје се одржа втората вечер на Skopje Fashion Festival (Скопски моден фестивал).
Поделена во два дела: Diamond Show и ревијата на студентите од Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје, и оваа вечер привлече голем број посетители и гости кои околу два часа уживаа во модното дефиле на преку 80 креации, машки и женски.
Првата ревија, Diamond Show беше посветена на најновите модели на брендовите кои може да се најдат во новиот мол, а беше поделена на три дела - Smart Elegance, Fancy Sport и Lux Looks.
Во втората ревија своите екстравагантни и смели креации ги претставија 7 студентки од скопскиот универзитет „Мајка Тереза“, и предизвикаа бурни и позитивни реакции кај публиката.
Гостите на ревиите, за разлика од првата вечер кога дрес-кодот беше црно и бело, вчера избраа покласични аутфити. Кај жените доминираа црната и белата боја и мрежестите хулахопки. Некои го дополнија изгледот со впечатливи чанти и чевли.
Мажите пак беа поделени - едни носеа костуми, други избраа поспортски варијанти.
Но, имаше и такви чии аутфити не беа соодветни за овој моден настан.