10 трендови на кои заборавивме, но повторно се враќаат во мода
Ултра кратки шорцови
Ова парче облека не им стои на сите (ниту, пак, секој би се осмелил да го носи).
Но, ултра кратките шорцови се во тренд, па, ако ви се допаѓаат - изберете си еден или неколку пара по вкус.
Венчиња за коса
2000-те беа време на блескав и гломазен накит, а некои од тие парчиња се повторно ин.
Меѓу нив се и венчињата за коса, кои ги обожаваат модните инфлуенсерки.
Широки ремени
Ремените кои скоро целосно ја покриваат половината, а се носат врз фустан или здолниште се повторно во мода.
Дали би ги носеле?
Премногу широки фармерки
Тесните фармерки залепени до тело скоро две сезони се аут, а на нивно место дојдоа фармерките со рамни ногавици.
Но, сега се во мода уште пошироки фармерки кои целосно ја кријат фигурата.
Фустани со карнери
Еден од најпопуларните трендови оваа сезона се фустаните со карнери.
Многу модни брендови вклучија по неколку вакви модели во своите колекции, а на овој тренд не му одолеа ни Џенифер Лопез.
А. Ј. | Црнобело