10 модни трикови со кои ќе изгледате послабо
Слоеви во слична нијанса
Ако изберете темно палто во комбинација со темни панталони или здолниште и светла блуза, ќе изгледате послабо отколку кога светлата блуза би ја комбинирале со светло палто и темни панталони и здолниште.
Салонки наместо затворени чевли
Салонките (особено оние со шпиц) визуелно ја издолжуваат ногата.
За разлика од нив, затворените чевли ја скусуваат.
„Молив“ здолниште наместо широко здолниште
Таканареченото „молив“ здолниште, кое ја следи линијата на телото, делува попривлечно, отколку широкото здолниште кое ќе ви ги скрие колковите, но визуелно ќе ви додаде и некој килограм плус.
Кратко палто
Ако изберете пократко палто (или кратка блуза) тие ќе ви го издолжат телото.
За разлика од нив, долгото палто и блуза ќе ви ги скријат колковите, но ќе направат визуелно да изгледате пониско, а со тоа и подебело.
Панталони со висок струк
Заменете ги панталоните со низок струк со модели со висок струк, кои ќе ви го издолжат визуелно телото и ќе направат да изгледате послабо.
А. Ј. | Црнобело