9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте
Тенка рамка на очилата
Стилистите веруваат дека тенките рамки за очила додаваат неколку години на ликот на секоја жена.
Ова особено се однесува на моделите со тенки метални рамки и за очилата чии стакла се предебели.
Затоа е подобро да изберете помодерен модел, необична форма или посветла боја за рамката.
Капри панталони
И погрешната должина на панталоните визуелно додава години.
По 40-тата година е препорачливо да ги избегнувате капри панталоните, особено ако не сте исклучително слаби.
Овој модел им додава волумен на вашите нозе, па затоа изберете панталони кои се до глуждовите.
Масивни ланчиња
Накитот во стилот на 1980-тите, на пример, синџирчиња со големи камења или цвеќиња, или во неколку слоеви, додава години во ликот.
Препорачливо е да изберете поелегантен дизајн, како што се тенките златни или сребрени синџирчиња, или да направите комбинација од неколку тенки синџирчиња.
Брошови
Според стилистите, брошовите ставени на палтото или на блузата им додаваат години на жените.
Тоа не значи дека треба да ги фрлите, туку треба да ги комбинирате да друг начин, на пример ставете ги на плетен џемпер, на марамата околу врат...
Сандали со ремчиња не се во мода
Сандалите со ремчиња веќе не се во мода и потсетуваат на стилот на дамите во 1940-тите и 1950-тите години.
Овие модели, според стилистите, се соодветни само за девојките кои се натпреваруваат во танцување, но не и за зрелите жени, бидејќи додаваат години.
Наместо тоа, изберете модели со затворени прсти.
А. Ј. | Црнобело