9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте
Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемите модни грешки што ги прават дамите, а поради кои делуваат повозрасно од она што се навистина?
Секоја жена сака да делува младешки и да ѝ даваат години помалку од она што има. И затоа користи разни модни трикови - бои кои ѝ одговараат на тенот или косата, модели кои ѝ ја истакнуваат или кријат фигурата, посебна шминка...
Сепак, постојат модни детали кои ѝ додаваат години на секоја жена, без оглед на нејзината вистинска возраст и затоа треба да ги избегнувате.
Кои се најчестите грешки што ги прават жените, а кои додаваат години?
Џемпери без конкретна форма
Долгите, меки џемпери и блузи кои немаат конкретна форма, прават вашата силуета да изгледа чудно. Дури и да имате совршено тело, тие го кријат.
За да го избегнете овој ефект, изберете подебели џемпери со точно дефинирани дезени и посветли бои, кои скоро да ја следат линијата на телото и ја дефинираат вашата става.
А ако поседувате плетени џемпери без конкретна форма, преку нив ставете дебел ремен и дајте им модерен изглед.
Здолништа до под колено
Миди и макси здолништата се популарни (особено наесен и во зима), но тоа не значи дека треба да изберете модел кој е до под колено.
Оваа должина ја скусува ногата и додава години на секоја жена.
Обувки со полушпицест врв и дебела потпетица
Чевлите со дебели потпетици треба да ги избегнуваат сите, бидејќи поради формата на потпетицата телото делува покусо и помасивно.
Ако сепак не сакате да носите тенки потпетици, тогаш изберете чевли кај кои дебелите потпетици се „ниски“ и скоро незабележливи, слично како кај машките чевли.
Облека со огромни, впечатливи шари
Големите принтови им одговараат на малите девојчиња и на тинејџерките, но не и на возрасните жени, оти додаваат неколку години.
Но, ако сепак сакате да облечете кошула или блуза со впечатливи принтови, комбинирајте ги со еднобојни панталони и палто или џемпер во истата боја.