14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли?

Ако ја носите кошулата во панталоните, тогаш ставете колан

Кошулата во панталони е знак на формален изглед. Но, уште едно правило што треба да го запомните е дека кога кошулата ја ставате внатре, задолжително треба да носите и колан на панталоните.

Коланот е практичен затоа што ќе ги држи панталоните на место, а ќе ви помогне и да изгледате поелегантно, затоа што ја нагласува половината и ви дава пропорционален и одмерен изглед. 

14-bon-ton-pravila-za-oblekuvanje-za-mazhi-i-zheni-gi-pochituvate-li-12.jpg

Никогаш не смее да се гледа гола кожа меѓу фармерките и блејзерот

За да изгледате вкусно и формално, секогаш имајте на ум дека не смее да ви се гледа кожата.

Ако блејзерот е премногу краток, тогаш облечете маица што ќе ги покрие голите места.

14-bon-ton-pravila-za-oblekuvanje-za-mazhi-i-zheni-gi-pochituvate-li-06.jpg

Коланот треба да биде во иста боја со чевлите

Кога станува збор за златните правила во облеката за мажи, знајте дека коланот треба да биде во иста боја со чевлите.

Ова ќе ви помогне да постигнете похармоничен изглед и ќе покаже дека вие сте личност што ништо не остава на случајност, туку внимава на сите детали.

14-bon-ton-pravila-za-oblekuvanje-za-mazhi-i-zheni-gi-pochituvate-li-04.jpg

Ако облеката има видливи етикети, отстранете ги

Иако на прв поглед изгледаат безначајно, видливите етикети може да ви го уништат изгледот, затоа што никој нема да гледа во вашиот совршен избор на облека, туку во деталите што не треба да бидат на неа.

Практикувајте да ги отстраните сите непотребни надворешни етикети и лепенки за да постигнете поелегантен и пристоен изглед.

14-bon-ton-pravila-za-oblekuvanje-za-mazhi-i-zheni-gi-pochituvate-li-15.jpg

Не носете премногу дезени

Кога бирате дезени, најважно е тоа да го правите избалансирано.

Секогаш изберете два различни дезена во иста боја за да постигнете елегантен контраст, или дезени со различна големина, но кај кои боите се соодветни.

14-bon-ton-pravila-za-oblekuvanje-za-mazhi-i-zheni-gi-pochituvate-li-14.jpg

Чорапите треба да бидат доволно долги за да ја покријат ногата кога седите

Иако многу мажи сметаат дека чорапите воопшто не се важни, сепак тие може да имаат големо влијание врз целокупниот изглед, особено ако седите.

Златното правило е да изберете чорапи што се доволно долги за да ви ја прекријат во целост ногата кога седите.

14-bon-ton-pravila-za-oblekuvanje-za-mazhi-i-zheni-gi-pochituvate-li-13.jpg

Избегнувајте блузи со прерамки, а блузите без ракави треба да ги покриваат рамената

Кога носите блузи без ракави, горниот дел треба да ги прекрива рамената за кошулата да биде прифатлива за формален изглед.

Блузите со прерамки оставете ги за излегувањата или за некои други пригоди, затоа што во формална атмосфера тие се знак за непрофесионалност и се сметаат за вулгарни.

14-bon-ton-pravila-za-oblekuvanje-za-mazhi-i-zheni-gi-pochituvate-li-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg