9 популарни модни трендови од 2023-та, кои постепено „изумираат“
Транспарентни чанти и облека на која се гледа името или логото на брендот – кои трендови од 2023-та стануваат демоде, според стилистите?
Модните трендови се менуваат побрзо од кога било – она што било популарно пред само еден месец, веќе следниот може да се смета за демоде.
Поради ова, стилистите советуваат да престанеме слепо да следиме трендови, туку да се фокусираме на тоа да изградиме наш сопствен стил.
Но, факт е дека некогаш не можеме да им одолееме на популарните трендови. Па, добро е да знаете кои популарни трендови постепено „изумираат“.
Кои тренди парчиња од 2023-та постепено стануваат демоде, според мислењето на неколку стилисти?
Транспарентни чанти
Иако беа огромен хит кај познатите дами и инфлуенсерките, изгледа дека транспарентните чанти постепено одат во заборав и се заменуваат со поелегантни модели.
Неонски бои
Дречливите бои веќе не се толку популарни и повеќе предност им се дава на земјените тонови кои, пак, се одлични за есенски комбинации.
Видливи брендови
Сè почесто дури и богатите познати дами кои можат да си ја дозволат, избегнуваат (скапа) облека на која се гледа името на брендот.
Според стилистите, треба повеќе да се фокусираме на квалитетот на облеката, отколку на името на брендот.
Облека со многу реси
Облеката со многу реси може да изгледа нападно и генерално е тешка за комбинирање.
Ако сакате реси, одберете нешто посуптилно.