Модни трикови за есен и зима што ги научивме од Французинките
Мантили и капути со неутрална боја, бејзбол капче наместо плетена капа и бели панталони за студено време – што можеме да научиме од Французинките за зимските и есенските комбинации?
За многумина, Французинките се симбол за елеганција. Изгледаат одлично без многу труд, а скоро секогаш ѝ даваат предност на удобноста.
Неколку есенски и зимски модни трикови од нив:
Широк капут со неутрална боја
Капутите и мантилите се важен дел од зимските и есенските комбинации, што значи имаат големо влијание врз целокупниот изглед.
Французинките преферираат капути и мантили со неутрални бои бидејќи лесно се вклопуваат во секакви комбинации.
Притоа, неретко купуваат пошироки модели кои се поудобни и генерално им стојат добро на сите.
Бели панталони на студено време
Французинките сметаат дека белите панталони и фармерки изгледаат многу подобро во постудените денови, отколку во лето или пролет.
Во комбинација со јакна и чизми, белите панталони можат да изгледаат мошне стилски.
Носат тексас здолништа
Тексас здолништата се хит периодов, а Французинките ги обожаваат и во зима.
Изгледаат навистина добро во комбинација со џемпери и стилски чизми, а за да не ви студи, треба да само да облечете дебели хулахопки.
Впечатлива чанта
Додека сакаат неутрални бои за капути и мантили, Французинките додаваат живост во есенските комбинации со впечатливи чанти.
Ако комбинацијата ви изгледа монотоно, чантата со дречлива боја сигурно ќе ја направи подобра.
Избегнуваат плетени ракавици
Французинките ретко носат плетени ракавици и секогаш има даваат предност на елегантните модели од кожа и слично, дури и во лежерни комбинации.