Модни трикови за есен и зима што ги научивме од Французинките
Носат свилени марами
Свилените марами можат да изгледаат одлично и во есенските и зимските комбинации.
Во овој случај важно е комбинацијата да биде поминималистичка, а акцентот да биде самата марама.
Обожаваат џемпери со големи јаки
Џемперите со големи, високи јаки изгледаат навистина добро, а притоа и ќе ве стоплат во навистина студените денови.
Овие џемпери се одлични кога не сакате да носите шал.
Бејзбол капче наместо зимска капа
Иако и зимските капи можат да изгледаат добро, бејзбол капчињата им даваат поуникатен изглед на лежерните комбинации.
Не трошат многу време на фризури
Кога е ветровито или ако случајно ве фати дожд, фризурата сигурно ќе ви се растури, а ова не е ретка појава во есенските и зимските месеци.
Поради ова, Французинките не трошат премногу време на фризури.
Покрај тоа, ако имаат долга коса, неретко не ја вадат од капутот или мантилот.
Ролките им се омилено парче облека
Има безброј начини за комбинирање ролки, а притоа се одлични за слоевити комбинации.
Поради високата јака, колку-толку ќе ве стоплат, а врз нив секогаш можете да облечете сако ако е многу студено.
Спирова С. | Црнобело