6 тренди модели на чанти кои се хит кај Французинките

Винтиџ моделите, но и чантите со долги прерамки се практични, изгледаат добро и лесно се вклопуваат во скоро секоја комбинација. Кои се другите фаворити на елегантните Французинки?

6-trendi-modeli-na-chanti-koi-se-hit-kaj-francuzinkite-01.jpg

Чантите прават огромна разлика во модните комбинации. Можат да го освежат целиот изглед, а ако станува збор за повпечатливи модели, можат да бидат акцент на целата комбинација.

Кои модели се фаворити на Французинките?

Чанта со долга прерамка

Иако ранците се практични, Французинките почесто има даваат предност на чантите со долга прерамка која може да се носи преку градите.

Со овие чанти рацете ви се слободни, а сепак ќе изгледате елегантно.

6-trendi-modeli-na-chanti-koi-se-hit-kaj-francuzinkite-02.jpg

Сламена торба

Генерално, чантите без дефинирана форма изгледаат по малку неуредно.

Но, ако сепак сакате торба, послушајте ги советите на Французинките и одберете сламен модел.

Овие чанти собираат многу работи, а сепак изгледаат елегантно.

6-trendi-modeli-na-chanti-koi-se-hit-kaj-francuzinkite-03.jpg

„Багет“ чанта

Овие мали чанти со кратка прерамка лесно се вклопуваат во секоја комбинација и изгледаат навистина стилски.

6-trendi-modeli-na-chanti-koi-se-hit-kaj-francuzinkite-04.jpg

Чанта во форма на полумесечина

Овие елегантни чанти се фаворит на Французинките.

Поради минималистичкиот дизајн, лесно се комбинираат, а притоа додаваат доза луксуз во изгледот.

6-trendi-modeli-na-chanti-koi-se-hit-kaj-francuzinkite-05.jpg

Винтиџ чанта со реси

Винтиџ моделите, особено оние со реси, значително ги освежуваат полежерните комбинации.

6-trendi-modeli-na-chanti-koi-se-hit-kaj-francuzinkite-06.jpg

Мала чанта за вечерни излегувања

За вечерните излегувања, нема да погрешите со мала чанта (без прерамки).

Одлично ги дополнуваат елегантните комбинации и можат да бидат главен детаљ ако носите поминималистичка облека.

6-trendi-modeli-na-chanti-koi-se-hit-kaj-francuzinkite-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...
Бисерите се накит на годината во 2024 – Кои Македонки го следат светскиот тренд? Дани Ѓуровска, Елена Најдоски, Бојана Скендеровска... Ова се некои од Македонкит...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg