Модели на панталони што треба да ги избегнувате (ако сакате визуелно да ги издолжите нозете)
Многу широки фармерки и кратки панталони со низок струк – кои модели треба да ги избегнувате ако сакате визуелно да ги издолжите нозете?
Сечие тело е различно, па не може на сите да ни стојат исти парчиња облека.
Ако сакате вашите нозе да изгледаат послаби и подолги, тогаш треба да обрнете внимание на моделите на панталоните.
Кои модели на панталони ги „скратуваат“ нозете и додаваат килограми?
Многу широки фармерки
Очигледно, многу широките фармерки додаваат волумен на нозете, а со тоа и ги скратуваат.
Ако сакате поширок модел, многу подобро изгледаат таканаречените mom jeans.
Фармерки со рамен крој до глуждовите
И овој модел создава ист ефект како многу широките фармерки.
Фармерки со низок струк
Фармерките со низок струк, кои беа огромен хит во раните 2000-ти, повторно се враќаат на модната сцена.
Но, овие модели прават нозете да изгледаат пократки.
Панталони во контрастна боја
Светлите панталони во комбинација со блуза или кошула со контрастна, темна боја, визуелно ја скратуваат целата фигура.
Ако сакате да носите светли или дречливи панталони, комбинирајте ги со слични нијанси.
Кратки панталони со низок струк
Кога купувате кратки панталони, подобро давајте им предност на оние со висок струк кои ја истакнуваат половината и ги издолжуваат нозете.
Бели фармерки
Не е тајна дека црната боја прави телото да изгледа послабо.
Од друга страна, белите фармерки можат да направат нозете да ви изгледаат пократки и пошироки.
Спирова С. | Црнобело