9 модни трикови со кои и најевтината комбинација ќе изгледа луксузно
Правилно перете ги фармерките
Фармерките не треба да ги перете по секое носење бидејќи вака само ќе ги избледите.
Во потоплите месеци, кога се потиме почесто, перете ги по три носења.
Во студените месеци, дури и производителите на фармерки советуваат да ги перете по десет носења.
Нормално, исклучок од овие правила е доколу ги извалкате многу.
Внимателно одбирајте ги модните додатоци
Кога станува збор за накит, немојте да комбинирате впечатливи парчиња со шарена или облека со многу детали.
За чантите препорачливо е да не бидат иста боја како чевлите и да се во склад со облеката.
Носете по неколку ланчиња
За монотоните комбинации најдобро е да ставите неколку ланчиња кои можат да го освежат целиот изглед.
Во овој случај, обетките треба да бидат минималистички.
Купувајте еден број поголеми штикли
Ова е трик што го користат сите познати жени.
Штиклите кои се еден број поголеми ќе ви бидат поудобни.
Покрај тоа, малку поголемите сандали ќе изгледаат многу подобро доколку прстите не ви се понапред од ѓонот.
Дајте им предност на вертикалните риги
Вертикалните риги ја прават фигурата послаба и повисока и, генерално, изгледаат многу подобро од хоризонталните.
Спирова С. | Црнобело