9 модни трикови со кои и најевтината комбинација ќе изгледа луксузно
Задолжително скријте го градникот кога носите фустан со гол грб и наместо да следите трендови, одбирајте бои и модели кои стојат добро на вашето тело... Како да изгледате елегантно и префинето и во евтина облека?
За да изгледате луксузно, воопшто не треба да давате пари за многу скапа облека.
Можете да направите елегантни комбинации и со најевтините парчиња ако обрнувате внимание на одредени ситници.
Модни трикови кои ќе ви помогнат во ова:
Скријте го градникот кога носите фустан со гол грб
Можете да носите фустан од врвен дизајнер, но ако ви се гледа градникот на грбот, ќе ја уништите целата комбинација. Секогаш кога носите вакви фустани, потрудете се да го скриете градникот.
За ова ќе ви треба градник чии прерамки можете да ги извадите. Потоа закачете ги прерамките на делот којшто го закопчувате градникот.
Облечете го градникот и закопчајте го напред со прерамките, како на фотките подолу.
Прицврстете ги деталите од тантела
За деталите од тантела кои треба да бидат залепени за кожата, можете да искористите лепило за вештачки трепки.
Нанесете малку од лепилото на кожата и нежно притиснете ја тантелата врз него.
Одбирајте бои и модели кои ви стојат добро
Сите сме различни, па не може на сите добро да ни стои истата облека. Поради ова, не треба слепо да следите трендови.
Кога сте во продавница, истражувајте и пробувајте додека да ги најдете моделите и боите кои ви стојат добро.
Кога носите облека која му прилега на вашето тело, ќе изгледате прекрасно, без разлика колку (малку) сте платиле за неа.
Во лето носете фустани со А-крој
Овие модели ја истакнуваат женската фигура, стојат добро на сечие тело и секогаш се во мода.