Лесно, удобно и модерно: 5 модели на чевли кои се (и ќе бидат хит) летово
Удобни, лесни за носење и изгледаат светски - најпопуларните чевли за ова лето.
Во најтоплиот период од годината луѓето најмногу сакаат да се излежуваат на плажа, да пијат ладни коктели, да пливаат или барем да си седат во климатизиран апартман.
Сепак, одморот не трае вечно, а заклучувањето дома до септември е невозможно.
Наместо тоа, одберете прошетка во идеална летна лесна гардероба.
За секој аутфит потребни ви се лесни летни чевли - модели кои се модерни, но во исто време и удобни.
Овие модели се хит за ова лето:
Влечки на платформа
Влечките се неизоставен дел од летниот ауфит, а оваа година се носат што е поможно погломазни и со сѐ повисока платформа.
Обувките на платформата, без разлика дали се влечки, сандали или чевли, дефинитивно го обележаа летото.
Ваквите чевли додаваат во висина и одлично ги истакнуваат нозете.
Комбинацијата на летна облека и влечки на платформа стана тренд кој може да се види и на градските улици и по плажите.
Римјанки
Овие чевли се можеби и најдобриот и најудобниот избор за цело лето.
Денес, римјанките се носат и за излегување.
Може да се носат со кратки фустани, шорцеви, фармерки или панталони.
Соодветни се дури и во комбинација со горна облека со долги ракави - сако или тенка блузичка, што значи дека ќе ви се најдат и во студените вечери и раната есен.
Еспадрили
Модниот трик кој го применува војвотката од Кембриџ вреди да се проба.
Имено, Кејт Мидлтон комбинира еспадрили со нејзините омилени летни фустани.
Ваквите чевли помагаат да се добие класичен и женствен аутфит, особено во комбинација со кошула-фустан или модел со миди должина.
Секогаш избирајте едноставен модел, без дополнителни украси, за лесно да можете да ги искомбинирате било каква облека.
Сандали со коцкаст преден дел
Сакате да го зачините вашиот летен изглед? Тоа ќе го направите со овој вид чевли. Постои нешто што сандалите со ваков облик ги прави посебни, без оглед дали се на рамна пета или со високи потпетици.
Иако овој тренд е присутен долго време, летово се баш популарни.
Овие коцкасти убавици се најчест ибор на многу славни дами и инфлуенсерки.
Ретро патики
Ретро моделите на патики инспирирани од фудбалот се попопуларни од кога било – од моделите на Адидас до ретро фудбалските копачки, ваше е да изберете.
Ова е дефинитивно најудобната обувка од оваа листа која со сигурност често ја гледате на Инстаграм.
Овој модел патики се најчест избор на Кендал Џенер, Бела Хадид и Емили Ратајковски.
Изгледаат одлично во комбинација со тексас, миди здолништа или фустани, но и со тренди панталони со удобни кроеви кои имаат пошироки ногавици.
С. Ш. | Црнобело / фото: Pinterest