8 чести грешки во изгледот со кои несвесно си додаваме години
Многу тенки веѓи, огромни и впечатливи ѓердани и штикли и чанти во исти бои – со кои грешки несвесно правиме да изгледаме постаро?
Многу ситници влијаат врз тоа како изгледаме – од изборот на облека, до формата на нашите веѓи.
Во продолжение, осум ситници во изгледот со кои несвесно си додаваме години:
Кошули кои не се пикнати во панталоните/здолништето
Комбинациите со долги кошули кои не се пикнати во здолништето или панталоните можат да направат да изгледате постаро.
Секоја комбинација со овие парчиња изгледа многу подобро (и многу помладешки) ако ја ставите кошулата внатре.
Изминативе неколку сезони доста популарен трик е и да ја пикнете кошулата само делумно.
Многу долги нокти
Предолгите нокти не се најпрактични, а можат и да ви додадат некоја година.
Огромни чанти
Нема потреба да ги носите најминијатурните чанти, но најдобро избегнувајте ги огромните модели кога не се неопходни, како за на плажа.
Многу тенки веѓи
Во период кога се враќаат трендовите од 2000-тите, повеќето се согласуваат дека тенките веѓи треба да останат во минатото.
Многу тенките веѓи не се пропорционални со лицето и додаваат години.