Тој жената ја претвора во божица: Совршената нова колекција на Зухаир Мурад (фото)
51-годишниот Зухаир Мурад во светот се смета за дизајнер со магични моќи, бидејќи буквално со еден фустан од секоја жена умее да направи божица.
Светски познатиот дизајнер денес поседува огромно богатство кое го создал сам со својот талент и никогаш не бил вмешан во никакви афери и скандали.
Холивудските ѕвезди го сметаат за бог, волшебник, суперхерој - затоа што кога Зухаир прави фустан за црвениот тепих, дамата што го носи со сигурност ќе биде меѓу најубaво облечените.
Талент за мода покажал уште на 14 години кога победил на ТВ-натпревар. Средно училиште завршил во Париз, а во 1997 година отворил студио во родниот Бејрут.
https://www.instagram.com/p/Cu0AslitYz8/
Неговите креации ги носат ѕвездите како Мајли Сајрус, Тејлор Свифт, Блејк Лајвли, Џенифер Лопез, Миранда Кер, Камила Алвес, Алесандра Амбросио и други.
Во Саудиска Арабија тој е омилен дизајнер и неговите креации се купуваат буквално без да се праша за цената.
Џоан Крафорд, која е олицетворение на холивудскиот раскош во бурните 1920-ти, и Ракел Велч, која е олицетворение на кинематографскиот гламур од 1970-тите, се инспирацијата за неговата Resort 2024 колекција.
Мурад ја пренесе нивната приказна преку креациите кои ги создаде за оваа колекција. Во целата колекција преовладуваат силните впечатливи бои, а додаде и структурни елементи како што се влошки за рамениците за да ја нагласи силуетата од 1940-тите.
Погледнете ја целата колекција во која ќе уживате додека да ја излистате и последната фотографија:
С. Ш. | Црнобело