9 модни грешки поради кои не изгледате добро, ниту во тренди облека
Комбинирате долги, широки панталони со рамни чевли
Со оваа комбинација, вашите нозе ќе изгледаат многу пократки.
Долгите широки панталони изгледаат најдобро со повисоки чевли.
Не носите накит
Скоро секоја комбинација изгледа монотоно без парче накит.
Па, немојте никогаш да го прескокнувате.
Носите само широка облека
Иако е важно да го носите она што ви е удобно, избегнувајте да комбинирате само широки парчиња.
Ако, на пример, носите широки панталони, потрудете се да облечете малку потесен горен дел.
Не внимавате на долната облека
Погрешниот градник може да ја уништи целата ваша комбинација.
Градникот не треба да се познава под облеката, а ако носите поразголена комбинација, не треба да се гледаат ни прерамките.
Комбинацијата од сатен и волна не е удобна
Иако на Инстаграм изгледа одлично, комбинацијата од сатенски здолништа и дебели волнени џемпери не е најудобна, ниту е практична.
Поради материјалите, ќе се создаде електрицитет и нема да се чувствувате воопшто пријатно.
Ако сакате да носите ваква комбинација, потрудете се џемперот да биде од чист памук.
Спирова С. | Црнобело