9 модни грешки поради кои не изгледате добро, ниту во тренди облека
Носите облека со погрешна големина и го заборавате накитот – кои модни грешки можат да ја уништат и најубавата комбинација?
Дали гардероберот ви е полн со (тренди) облека, но што и да облечете, не ви се допаѓа?
Тогаш можеби правите некоја од следниве грешки:
Ги засукувате ракавите наместо да ги превиткате
Кога носите кошула, ако само ги засукате ракавите, сигурно ќе ја уништите целата комбинација и ќе изгледате неуредно.
Наместо тоа, внимателно превиткајте ги ракавите до под лактите, а потоа малку засукајте ги.
Носите истуткана облека
Ако немате време да испеглате нешто, тогаш немојте ни да го носите.
Без разлика за колку добро парче облека станува збор, ако е истуткано, нема да изгледа убаво.
Ги ставате кошулите и џемперите во панталоните
Нема ништо лошо во тоа да ги ставете кошулата или џемперот во панталоните или здолништето, но немојте да ги ставате цели.
Со ова само ќе направите набори на панталоните кои изгледаат чудно.
Ако носите џемпер, ставете тенок колан на половината под џемперот, и протнете ги рабовите на џемперот низ коланот. Со ова ќе се создаде илузија дека џемперот е во панталоните.
За кошули и потенки маички, најдобро е да ги повлечете кон назад и да ги пикнете само во задниот дел на панталоните.
Носите облека со погрешна големина
Можеби најголемата грешка што ја прават сите е носењето облека со погрешна големина.
Кога ќе купите нешто, ако забележите дека ви е малку долго или широко, не двоумете се дали да го однесете на шивач.