8 работи со кои лесно ќе ја освежите здодевната летна облека
Капри панталоните никогаш не излегле од мода, но не им прилегаат на сите жени, бидејќи визуелно ја скусуваат ногата. Стилистите откриваат неколку трикови што да смените во гардеробата, за да изгледате поинаку и во тренд, а сепак да не го менувате својот стил.
Летото подразбира лесна облека, светли бои, многу весели аксесоари. Но многумина остануваат заглавени во рутината и секоја година купуваат ист тип на облека.
Стилистите, кои се секогаш поборници за нешто ново и поинакво, овојпат предлагаат да промените ситници кај себе со една од овие 8 работи...
Тие може да ви ја разиграат и освежат гардеробата, а вие да изгледате модерно и со стил во слични парчиња облека како оние што ви се омилени.
Како можете да ја освежите гардеробата на едноставен начин?
Широки маички
Маичките што се припиени за телото веќе не се во мода – сега се ИН едноставни широки маички без принтови со малку подолги куси ракави, кои можете да ги свиткате нагоре и така да изгледате кул, а едноставно.
Потесни фустани што ја откриваат фигурата
Исфрлете ги од плакарот широките XXL фустани кои го покриваат телото и изберете потесни модели кој ја откриваат линијата на телото.
Стилистите велат дека не треба да изберете целосно тесен фустан, туку препорачуваат модели кои се потесни околу струкот, а лелеави и удобни надолу.
Миди здолништа
Тексас здолништата со копчиња се класика, но оваа сезона во мода се широки миди здолништа над или под колената.
Лесно се комбинираат со маички или кошули, а се носат и со патики и со сандали.
Лелеави фустани со широки ракави
Фустаните-кошула беа многу популарни изминативе години, но сега можете да ги замените со широки фустани од лесен материјал со долги ракави – делуваат подеднакво привлечно, а вие ќе изгледате поинаку од вообичаеното.