8 работи што Французинките никогаш не ги носат (и затоа изгледаат беспрекорно)
Неквалитетни чанти
Нема потреба да купувате скапи дизајнерски чанти, само осигурете се дека се квалитетни.
Многу подобро е да имате две-три чанти кои ќе ги носите со години, отколку секоја сезона да мора да купувате нови.
Многу прстени
Французинките го ценат минимализмот, па не сакат да се „китат“ со многу накит.
Кога станува збор за прстени, секогаш преферираат еден, најмногу два.
Неквалитетни чевли
Исто како чантите, и чевлите се детаљ за кој вреди да дадете повеќе пари, особено ако купувате модел што знаете дека ќе го носите често.
Не само што изгледаат поубаво, квалитетните чевли се и секогаш поудобни, што значи со нив ќе избегнете многу проблеми со стапалата, но и грбот.
Тренерки за излегување
Тренерките станаа популарно парче облека за лежерни комбинации, но Французинките ги избегнуваат.
Ако сакаат поспортска комбинација, тие комбинираат патики со најобични фармерки или други полежерни панталони.
Спирова С. | Црнобело