8 работи што Французинките никогаш не ги носат (и затоа изгледаат беспрекорно)
Пластичен накит и облека од неквалитетен материјал – кои работи никогаш нема да ги видите на Французинките?
Неретко Париз е нарекуван престолнина на модата, и тоа со причина. Од Франција потекнуваат некои од најпознатите модни дизајнери во светот како Кристијан Диор и Коко Шанел.
А, се чини дека талентот за мода доминира и кај „обичните“ луѓе.
Ова значи дека кога станува збор за мода, можеме да научиме многу од Французинките.
Во продолжение, осум работи кои тие никогаш не би ги носеле:
Штикли во текот на денот
Во лежерните комбинации, Французинките секогаш им даваат предност на ниските чевли.
Нема потреба да трпите болки од штикли бидејќи можете да изгледате елегантно и со ниски балетанки, сандали и слично.
Пластичен накит
Иако периодов повторно се прославува, Французинките го избегнуваат пластичниот накит.
Овие парчиња секогаш изгледаат „евтино“ и генерално имаат лош дизајн.
Ова не значи дека треба да давате многу пари за накит – и со добро изработена бижутерија може да изгледате одлично.
Видлива долна облека
Французинките секогаш ја земаат предвид бојата на облеката пред да облечат долна облека.
На пример, ако носат нешто бело, тие преферираат долна облека со боја на кожа, а не бела, за да не се познава.
Облека од неквалитетен материјал
Не е важно дали облеката е брендирана или не, важно е да направена од квалитетен материјал, а Французинките многу добро го знаат тоа.
Точно е дека, генерално, поквалитетниот материјал е и поскап. Но, секогаш е подобро да вложите во една кошула која навистина ќе ви трае, отколку да купите повеќе кои по едно перење ќе се распаднат.
Покрај тоа, квалитетните (и природни) материјали се и многу поудобни.