Македонка, со впечатлив моден стил: „Едно парче облека го носам во многу различни комбинации, така штедам“
„Еден од триковите за штедење ми е добро познатиот и модерен син широк блејзер, кој го комбинирам во повеќе комбинации. Потоа, истото го правам и со моето тексас здолниште“, вели Јасмина Трајковска (43) и додава дека на една жена не ѝ требаат многу пари за да изгледа тренди.
Јасмина Трајковска (43) од Делчево, која живее во Скопје, е жена со специфичен моден стил, која на својот Инстаграм профил постојано споделува фотки од своите стајлинзи.
Таа вели дека жената во зрели години и тоа како може да се облекува убаво со оглед на годините и општеството во кое живееме, без да се трошат многу пари, со лесни и урбани комбинации.
Јасмина вели дека тоа не чини многу, само треба да се има желба за убавото и модерното.
Јасмина за CRNOBELO.com открива кои се нејзините трикови за штедење:
На пример еден блејзер комбинираш во повеќе комбинации и добиваш екстра тренди изглед.
Широки блејзери како што носеле нашите баби и дедовци, се носат и сега.
Друг трик ми е добро познатиот и модерен син блејзер, исто така широк, кој го комбинирам во повеќе комбинации.
Здолништето, дали тексас или обично, лесно се комбинира со вакви блејзери, а сепак се вкусни и прилегаат да не се надмине границата на невкус, барем за мене.
Би рекла со малку пари и со добар стил, препознатлив за нас, можеме да бидеме пример за една средена жена.
На разни начини може да се комбинираат и тексас здолништата.
За овие комбинации изгледот е инспириран од костумите во кои изгледаш униформирано од глава до петици, а сепак многу модерно и урбано. Би додала дека многу ги сакам и силните бои, кои оваа година се навистина во тренд, а ги носев како студент.