Јасмина од Делчево, жена со специфичен моден стил: „Сакам да изгледам урбано“ (фото)

„Јас сум Јарец во хороскоп и сакам да изгледам урбано, затоа смело комбинирам модни парчиња во аутфити прилагодени на мојот карактер“, вели Јасмина Трајковска (42) за CRNOBELO.com, која е мајка на прекрасна 16-годишна ќерка.

zhena-od-delchevo-so-specifichen-moden-stil-foto-01.jpg

Јасмина Трајковска (42) од Делчево, која живее во Скопје, е жена со специфичен моден стил, која на својот Инстаграм профил постојано споделува фотки од своите стајлинзи.

Таа по професија е социолог, но вели дека, за жал, нема работено ниту еден ден во животот по струка.

View this post on Instagram

A post shared by Jasminka Trajkovska (@jasminkatrajkovska)

За CRNOBELO.com говори за својот моден стил:

„Отсекогаш ме интересирала модата, убавиот и урбан стил. Сакам да изгледам убаво и негувам свој препознатлив имиџ, кој го градам постепено веќе години наназад.

Сакам да се чувствувам пријатно, да изгледам урбано и смело комбинирам модни парчиња, во аутфити прилагодени на мојот карактер.

Јас сум Јарец во хороскоп и мајка на прекрасна 16-годишна ќерка, која се надевам ќе го наследи мојот вкус за убавото и модерното.

Во главата секогаш имам визија како сакам да изгледа и сметам дека моите стајлинзи ме отсликуваат токму таква какво што сум – урбана и современа мајка и сопруга и најважно ми е да имам свој препознатлив печат.

И за мене отсекогаш урбаното облекување и изглед ги отворале вратите за социјализација со луѓето и динамичен стил на живот.“

Модните комбинации на Јасмина:

Повеќе стајлинзи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што облекоа посетителите на Моден викенд Скопје 2024? Oд класични бели костими до специфични црни комбинации, од перје до циркони, што...
Дарио Панковски, Жарко Димоски: 10 познати македонски мажи во елегантно издание На Дарио Панковски костумите му се заштитен знак и умее да износи дури и розов к...
Моден двобој: Елена Најдоски и Северина во слични златни фустани со корсет Впечатлив модел за елегантни пригоди кој може да го износат само самоуверените д...
Кралица на стилот: Модни погодоци на Северина кои ќе ви послужат како инспирација Широки костими, елегантни фустани, впечатливи мрежести комбинезони - дел од најв...
Идеи за труднички аутфити од македонските инфлуенсерки Од макси фустанчиња до комплети со гол стомак, каква мода ни презентираа македон...
Модни предлози: Што да облечете на плажа, освен едноставна наметка и влечки? (фото) Ленен комплет од шорцови и кошула или долг лелеав фустан– постојат многу опции з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg