Премногу класични детали наеднаш и уште 6 модни навики кои ви додаваат години на изгледот
Носењето високи чорапи со патики дава малку ретро изглед. Помладешки е патиките да ги коминирате со кратки чорапчиња.
Многу луѓе сакаат модерен и свеж изглед. Но, понекогаш некои ваши модни навики несвесно ви додаваат години.
Кои се тие?
Комбинирање премногу класични работи во еден стајлинг
Конзервативниот начин на облекување прави да изгледате елегантно во секоја ситуација. Но, не треба да претерувате со комбинирање на повеќе класични работи наеднаш, ако не сакате да си додадете години.
Не мора во исто време да носите и класично палто и класична кошула и бисери.
Светкави работи
Сјајните верзии на хулахопки речиси никогаш не се добар избор. Даваат елеганција, но и ретро изглед.
Стајлинг целосно во црно
Да, елегантно е, но кога црното е во близина на лицето, тоа ги истакнува брчките и несовршеностите на кожата.
Чевли на платформа
Масивните чевли со платформа визуелно прават телото да изгледа потешко, а некако и непропорционално. Подобар избор се тенките потпетици за пософистициран изглед.
Панталони со ластик
Овој модел на панталони по автоматизам се поврзува со повозрасните и не ја истакнува фигурата на најдобар можен начин.
Високи чорапи
Носењето високи чорапи со патики дава малку ретро изглед. Помладешки е патиките да ги коминирате со кратки чорапчиња.
Свилена марама околу вратот
Изгледа одлично, но го привлекува вниманието кон вашиот врат и некои луѓе по автоматизам претпоставуваат дека ги криете брчките на вратот. Наместо на вратот, ставете ја свилената марама на рачката од чантата.
С. С. | Црнобело