„Бев убедена дека никогаш нема да раскинеме – кога почнавме да живееме заедно ми се промени животот од корен“

„Дефинитивно не знаеш каква врска имаш сѐ додека не ја заклучиш во четири ѕида“ – вели оваа авторка. Погледнете зошто таа одлучила да стави крај на долгогодишната врска по само 1 година заеднички живот со дечкото.

toa-shto-pochnav-da-zhiveam-so-dechko-mi-od-koren-mi-go-promeni-zhivotot-bev-ubedena-deka-nie-nikogash-nema-da-raskineme-01.jpg

Колку пати сте слушнале за некои парови кои подолго време биле во врска, а откако почнале да живеат заедно се покајале и одлучиле да стават крај на врската?

Авторката Ивона Дубичанин за Zadovoljna.rs го раскажува сопственото искуство како тоа што одлучила да живее заедно со дечко ѝ, целосно ѝ го променило животот од корен.

Како што вели, почнала да верува во работите за кои претходно мислела дека се само измислици.

Нејзината исповед ви ја пренесуваме во целост:

„Ми се случи она што бев уверена дека е невозможно.

Од пријателките што се во врски постојано слушав два вида приказни.

Паровите што почнуваат да живеат заедно, а немаат деца, ниту планираат венчавка – секогаш раскинуваат и паровите што долго време се во врска, а немаат деца во одреден период раскинуваат па стапуваат во брак со првата личност на која ќе налетаат.

Искрено, не верував претерано во овие приказни, а потоа почнав да живеам со дечко ми.

Во моментот кога почнавме да живееме заедно јас бев последна година од факултетот, а тој работеше. Се преселивме во неговиот стан и во првиот еден месец ни беше совршено.

Ги викавме пријателите, јас подготвував јадење, гледавме филмови... Малку се навикнавме да седиме дома, не излегувавме премногу и ни беше убаво.

После тие неколку недели, тој се врати во фазата од животот во која беше пред да почнеме да живееме заедно – после работа одеше на ручек кај неговите, понекогаш ме носеше и мене, некогаш бев на факултет, па дома подготвував храна кога ќе си дојдев.

Навечер излегуваше со другарите на кафе, одеше кај неговите, сѐ помалку почна да поминува време во станот, а и со мене.

toa-shto-pochnav-da-zhiveam-so-dechko-mi-od-koren-mi-go-promeni-zhivotot-bev-ubedena-deka-nie-nikogash-nema-da-raskineme-04.jpg

А јас? Па, седев сама дома. Некогаш ги викав другарките, некогаш учев, но тоа го правев затоа што не знаев што да правам додека тој е излезен. Потоа и јас одлучив да се вратам на животот што го водевме претходно и почнав секоја вечер да излегувам со другарките.

Додека живеевме одвоено, тоа не му пречеше, но сега почна да му пречи. Ми пишуваше постојано кога бев излезена, инсистираше да дојде да ме земе дома. Стана многу напорен.

Потоа почна да ѝ се јавува на сестра му, со која претходно не беше во контакт, да дојде кај нас и тоа само кога ќе почнам да се подготвувам за излегување, за да не излегувам туку да седам со неа, додека тој продолжуваше да излегува на кафе со другарите.

Кавгите беа сѐ почести, а јас со текот на времето почнав да се претворам во домаќинка, секако, без да бидам свесна за тоа. Искрено, малку се здебелив и престанав да се средувам како претходно.

Немавме ниту секс како претходно и сѐ повеќе наликувавме на цимери, отколку на пар.

toa-shto-pochnav-da-zhiveam-so-dechko-mi-od-koren-mi-go-promeni-zhivotot-bev-ubedena-deka-nie-nikogash-nema-da-raskineme-05.jpg

Еден ден, седев со другарка ми на кафе, кога таа ми кажа по стотти пат како уште една нејзина другарка раскинала со дечкото по половина година заеднички живот.

Тогаш почнав да се прашувам дали така ќе завршам и чудно ми беше што во тој миг не почувствував дека нешто ми се превртува во стомакот,  како што тоа ми се случуваше претходните пати кога разговаравме за раскинувања.

Почнав да се прашувам дали воопшто сѐ уште го сакам, дали ми е дојдено до таа врска или пак е само навика. До тој миг веќе живеевме една година заедно.

Кога си дојдов дома, ги земав основните работи од станот и се вратив кај моите. Секако, очекував дека ќе ми се јави, но не го направи тоа. Само ме праша дали ќе дојдам на вечера, а кога му кажав дека ќе преспијам кај моите, само ми напиша: ‘Ок’.

Останав три дена во семејниот дом, а потоа се вратив по моите работи. Тој ми рече дека знаел дека ќе се вратам, но дека не ни оди најдобро и дека е најдобро да раскинеме.

Раскинавме, а јас почнав да верувам во приказните од почетокот. Дефинитивно не знаеш каква врска имаш сѐ додека не ја заклучиш во четири ѕида на заеднички дом.“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg