Секс поза „виенска острига“ - за длабока пенетрација и врвно задоволство (18+)
Потребно е малку флексибилност од страна на жената. Темпото го диктира мажот и поради можноста за длабока пенетрација, треба да се започне полека.
Секс позата „виенска острига“ ќе ви овозможи длабока пенетрација и врвно задоволство.
Жената треба да лежи на грб, и да ги рашири нозете најмногу што може додека нејзиниот партнер ја држи за зглобовите и ѝ ги притиска нозете уште нагоре, кон главата.
Позицијата бара флексибилност од страна на жената и треба да се сопре во моментот кога таа чувствува болка и големо затегнување.
Во оваа поза мажот потпрен на колена може да пенетрира длабоко.
Позата може да се изведе и стоечки од страна на мажот, ако жената се постави на крајот од креветот.
Сексуалниот чин треба да се започне бавно и полека затоа што во оваа поза лесно може да се отиде „предлабоко“ и чинот да биде болен.
Одлично е што може да се одржува контакт со очи и рацете да се слободни за игра со клиторисот на жената.
С. С. | Црнобело