Девојка со исповед: „12 години сум зависник од секс и љубов – кои се сигурните знаци дека се соочувате со ваков проблем?“

Скокате од врска во врска, постојано имате нова симпатија, бесрамно флертувате со сите… Љубовта може да биде порок од кој можете да станете зависни, а оваа жена споделува 8 сигурни знаци дека не сте вљубени во никого, туку само ја идеализирате и сте вљубени во љубовта.

devojka-so-ispoved-12-godini-sum-zavisnik-od-seks-i-ljubov-koi-se-sigurnite-znaci-deka-se-soochuvate-so-vakov-problem-01.jpg

Бриана Дејвис (40) е филмски продуцент, режисерка и актерка од САД која долги 12 години се бори со зависност од секс и од љубов, а своите искуства ги сподели во нејзината книга Secret Life of a Hollywood Sex & Love Addict: A Novel.

Како што вели голем број луѓе влегуваат во програмата за одвикнување од оваа зависност и сметаат дека во првиот миг кога ќе влезат во сериозна врска, тогаш се излекувани, но се случува неколку години подоцна повторно да се вратат.

„Првото нешто што ќе ви помогне да се справите со зависноста од секс и љубов е вистинската поврзаност во која ќе давате сѐ од себеси, а нема само да сакате да земате од луѓето.

Јас постојано само земав, ја крадев енергијата од луѓето.

Бев празна и неисполнета, затоа што се плашам од интимност и се плашам дека ќе ме напуштат. Се плашам да ме сакаат.

Секогаш кога нештата ќе станеа посериозни јас бегав, затоа што не знаев како да водам сериозни разговори и врски“ – вели таа.

View this post on Instagram

A post shared by Brianne Davis (@thebriannedavis)

Бриана издвојува осум сигурни знаци што укажуваат на тоа дека не сте вљубени во никого, туку само сте зависници од поимот љубов. Кои се тие?

Зависноста е наследна

Бриана вели дека нејзината зависност од секс и љубов е наследена од членовите во нејзиното семејство. Како што вели, нејзиниот пра-прадедо бил зависник од алкохол, а сите други членови имале зависност од други „пороци“. Во нејзиното семејство има воркохолици, зависници од храна и зависност од секс и љубов.

„Уште додека бев многу мала ги ’голтав‘ луѓето. Така ја опишувам мојата состојба. Го сакам чувството на вљубување. Ми се допаѓа таа возбуда, тој прв допир, првиот бакнеж.“

Станувате зависни од фантазиите

На Бриана приказните од типот на Ромео и Јулија ѝ биле омилени уште од најрана возраст. Таа раскажува колку негативно влијание имале овие приказни врз развојот на нејзиниот интимен живот:

„Леле, колку се вљубени, едниот од нив е подготвен да испие отров, а друг да се прободе со меч. Мислев дека вистинската љубов треба да изгледа така, дека треба да има страст и драма.

Сега кога подобро ќе размислам, тие имаа по 14 години, доаѓаа од непријателски семејства, ја изгубија невиноста во 24 часа и беа подготвени да умрат еден за друг по само 2 дена. Навистина е лудо.

Така станав зависник од фантазија. Во мигот кога првата љубов ќе се потрошеше, првиот допир, првиот бакнеж … Не знаев што да правам понатаму на интимен план“.

devojka-so-ispoved-12-godini-sum-zavisnik-od-seks-i-ljubov-koi-se-sigurnite-znaci-deka-se-soochuvate-so-vakov-problem-02.jpg

Мислите дека тоа што постојано флертувате е нормално

Според неа, кај луѓето што постојано имаат потреба од флертување постои можност веќе да се зависници од љубов.

Како што вели, таа никогаш не била целосно посветена во врските, секогаш била со една нога надвор од врската, а велела дека тоа што постојано има потреба да ги заведува мажите е дел од нејзиниот карактер.

„Колку пати сте слушнале некој да рече: ’Таков сум по природа‘. Но, тоа не е точно. Вие ги искористувате луѓето за да се чувствувате повредни.

Тоа е исто како некој кога пие шише алкохол за да се чувствува убаво на забава, само што користите други супстанци, а за жал вашата супстанца е личност со емоции и чувства“ – вели таа.

Ги возвишувате луѓето и ги искачувате на трон

Дали некогаш ви се случило некого да го возвишувате и да верувате дека кога би биле со таа личност сè ќе биде подобро и сите ваши проблеми ќе станат минато.

„Дали сметате дека тие се ваша сродна душа? Тоа се глупости, сродни души не постојат – вие не сте една половина што трага по својата ’друга‘ половина во светот.

Тоа е само смешно. Прашајте се себеси дали барате витез на бел коњ што ќе дојде да ве спаси, тоа е добар знак дека сте зависници од поимот љубов“ – вели актерката.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg