Девојка со исповед: „12 години сум зависник од секс и љубов – кои се сигурните знаци дека се соочувате со ваков проблем?“
Постојано имате потреба да ве сакаат
Воопшто не е нормално постојано да трагате по (нова) љубов. Како да трошите премногу енергија влегувајќи од врска во врска за да ја најдете личноста што ве сака и на која ќе ѝ бидете сè во животот и која ќе направи сè што вие сте замислиле дека вистинската љубов треба да направи за вас.
„Тоа не е реално, ние сме луѓе и имаме мани. Не е во ред да не ги прифаќате туѓите недостатоци само затоа што не се вклопуваат во фантазијата што сте ја имале за совршениот партнер“ – појаснува Бриана.
Постојано се враќате на партнерите што ве повредиле
Според Бриана, ако ви се случува честопати да се смирувате со партнерот што ве повредил, тоа може да биде сигурен знак дека сте зависници од љубов. Според неа, речиси кај сите љубовни врски што се исполнети со драма може да постојат тенденции на зависност.
„Зошто се враќате постојано во токсичната врска, кога знаете дека тоа не е тоа што го барате? Тоа е исто како да одите во железара за да купите млеко.
Тука не говорам само за љубовните врски, туку и за пријателствата“ – појаснува таа.
Сакате постојано да се вљубувате
Доколку постојано имате потреба одново и одново да се вљубувате тоа значи дека можеби сте зависници од љубов. Дали познавате некој што постојано има нова симпатија, нов партнер или нова личност во нивниот живот?
Според Бриана, ова е уште повеќе забележително во ерата на апликации за состанување и лични контакти, кога луѓето можат само со еден клик да најдат нов партнер и да ја потхранат својата зависност од ново вљубување.
Се плашите да останете сами
Бриана вели дека таа сфатила дека се соочува со зависност од љубов откако забележала дека се плаши од тоа да биде сама постојано има потреба да скока од врска во врска.
Знаете дека тоа не е вистинскиот партнер за вас, но чувствувате дека е подобро да бидете со некого, отколку со никого.
Сè може да се сруши околу вас, но љубовта е најважна
Ви се случило сè друго да се руши околу вас, но да сте среќни само затоа што сте во врска и ништо друго да не ви е важно.
Според Бриана, ова може да биде знак дека сте зависници од љубов, а тоа значи дека вие воопшто не сте вљубени во партнерот со кого сте во тој период, туку сте среќни само затоа што имате некого до вас.
Б. С. Б. | Црнобело